Франција очекувано лесно дојде до победата над Израел со 1-4, на меч кој се одигра на неутрален терен во Будимпешта. Сепак серијата на голови во мрежета на израелците започна на помалку неочекуван начин.
Акцијата на Франција кружеве во и надвор од шеснаесетникот на Израел, а во еден момент Едуардо Камавинга упати навидум безопасен удар кон голот на Омри Глазер, кој намести лесно да ја скроти топката, дозволи таа преку него да се стркала во мрежата.
После шокот, Израел успеа да израмни на 1-1 преку Ганделман, но тоа беше се што успеаја да направат на овој натпревар, а во продолжение следуваше тотална доминација на Франција.