Екипите од Саудиска Арабија потпомогнати од државниот инвестициски фонд направија вистински бум на трансфер-пазарот, донесоа голем број фудбалски ѕвезди мамејќи ги со неверојатни плати, но има и фудбалери кои ги одбија нивните милиони.
Еден од тие кои одбија да се преселат во Саудиска Арабија е голманот на Јувентус, Војќех Шченсни, кој за италијанските медиуми изјави дека не му се потребни саудиските милиони.
„Мој коментар на понудите од Саудиска Арабија? Доволно заработив во животот, повеќе сакам весели предизвици, а обраната на голот на Јувентус е најдобар можен предизвик“, изјави Шченсни.
Полјакот во Торино пристигна во 2017 година од Арсенал, а неодамна потпиша нов договор со Јувентус до 2025 година.