Голманот на Келн му помогна на Вернер да постигне убав гол на враќањето во Бундеслигата (Видео)

Тимо Вернер со гол се врати во Будеслигата, но неговиот Лајпциг како и во првото, повторно и во второто коло сезонава одигра нерешено, овојпат 2-2 дома против Келн.

Вернер го отвори резултатот во 36-та минута со шут од далечина, но лошата реакција на голманот на Јарците, беше главна причина што топката влезе во гол. Гол даде и  Нкунку кој е во одлична форма, но одбраната на Лајпциг не е на ниво, примима два гола, па Келн си замина непоразен.

Лајпциг цело второ полувреме го играше со човек помалку, по исклучувањето на Унгарецот Собослаи во финишот на првиот дел.

На сите пет меча во Бундеслигата кои се играа од 15.30 часот, голови паѓаа во двете мрежи. Само на Херта – Ајнтрахт (1-1) не паднаа повеќе од два гола, другите четири дуели завршија со три до пет голови.

https://twitter.com/i/status/1558457192688271361

- Оглас -

Најнови вести