Голманот на Леверкузен покажа невидено познавање на знамињата, коментарот за македонското му е хит (Видео)

Голманот на Баер Леверкузен, Лукаш Храдецски, на Јутјуб каналот на клубот, беше на квиз за познавање на знамињата на државите низ светот, и покажа огромно познавање. Финецот кој е роден во Словачка, погоди дури 90 од 92. Ги утна само знамињата на Туркменистан и Таџикистан, а ги помеша и знамињата на Брегот на слонова коска и Република Ирска кои имаат исти бои.

Кога дојде редот за македонското знаме, тој искоментира: „Навистина никогаш не сум видел вакво знаме“, и потоа го кажа новото уставно име на нашата земја. Знамето на Македонија е веднаш по завршувањето на втората минута од видеото:

- Оглас -

Најнови вести