Македонскиот интернационалец Димитар Митровски кој настапува за екипата на Вараждин во хрватското првенство, вечерва беше стрелец на погодок после еден од најголемите голмански киксови видени на фудбалските терени или како што рече коментаторот на преносот: “Македонецот доби ран роденденски подарок“.
Голманот на Локомотива Загреб, Никола Чавлина, во обид да ја избие топката, лошо го направи тоа и топката дојде кај Митровски, кој од прва и со полуволеј ја смести во неговата мрежа за водство на Вараждин од 0-1 во 19-тата минута.
https://twitter.com/MacedonianFoot_/status/1687531493315244032?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1687531493315244032%7Ctwgr%5E39dac26137f9b74c3d4cb70fa00994a78571b5db%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Flokomotiva-varazdin-utakmica%2F455871
Натпреварот на крајот заврши без победник, 3-3. Агон Елези одигра 90 минута за Вараждин, додека Димитар Митровски беше заменет во 73-тата минута. Во екипата на Локомотива Загреб дебитираше Фета Фетаи, кој во игра влезе во 75-тата минута, а во 92-рата минута доби жолт картон.