Пари Сен Жермен на убедлив начин стигна до одбрана на титулата во француското првенство, но Светците не успеаа во мисијата да ја завршат сезоната без пораз. Синоќа, на свој терен, ПСЖ загуби од Ница со 1:3.
Ова е неочекуван пораз, посебно затоа што е на „Паркот на принцовите“, но едноставно гостите одиграа одличен меч и се радуваа на трите бода со кои остануваат во трка за место кое води излез во Лига на шампиони за следна сезона.
Херој на Ница е голманот Марчин Булка. Полјакот успеа да одбрани дури 12 шута кои одеа во рамките на неговиот гол, а според Sofascore, перформансот на чуварот на мрежата на гостите е за максимална оценка 10.
Само во судиското надополнување Булка имаше три феноменални одбрани по кои фудбалерите на ПСЖ едноставно мораа да се помират со поразот. Францускиот првак на овој меч имаше 76 отсто посед на топка, вкупно 32 шута кон противничкиот гол, изведе дури 17 корнери, но на крајот загуби со 1:3.
Ница постигна три гола од сите три шута кои одеа во рамките на голот на Џиџи Донарума, имаа само 24 отсто посед на топка, а не изведоа ниту еден корнер.
Marcin Bułka making 3 spectacular saves within 1 minute in Nice’s 3-1 win over PSG
byu/dk240996 insoccer