Голманот на Њупорт влезе во Гинисовата книга на рекорди со голот од 96 метри (Видео)

Името на голманот на англискиот четвртолигаш Њупорт каунти, Том Кинг, се најде во Гинисовата книга на рекорди. Овој 25-годишен голман и официјално е признат како светски рекодер во историјата на фудбалот како човек кој постигнал гол од најголема далечина на еден официјален натпревар.

На 19 јануари Њупорт играше со Челтенам таун, а Кинг даде гол за 1-0, со шут од својот петерец. Тој топката ја шутна толку силно, што таа леташе до противничкиот 16-ник, силно отскокна од земја и го лобуваше голманот Џошуа Грифитс, кој се обиде да одбрани, но не успеа.

Измерено е дека голот е постигнат од далечина од 105 јарди (96,01 метри) и со тоа го зазеде првото место во историјата. Досегашниот рекорд го држеше Асмир Беговиќ, кој во ноември 2013 година за Стоук сити во мечот против Саутхемптон даде гол од далечина од 91,9 метри.

Ова е голот на Кинг кој влегува во историјата и штета ќе биде ако не биде во потесна конкуренција за гол на годината и наградата „Пушкаш“:

- Оглас -

Најнови вести