Голманот на Португалија е херојот, им ги одбрани сите три пенали на Словенците (Видео)

Португалија ќе игра против Франција во четвртфиналето на ЕП откако по неверојатна драма и речиси три часа битка ја елиминираа Словенија. По 120 минути игра немаше голови, па патникот во следната фаза требаше да се реши со изведување пенали.

Пенал-драмата започна со промашен пенал на Јосип Иличиќ, чиј шут го одбрани Диого Кошта. Потоа следуваше Кристијано Роналдо, кој погоди и потоа веднаш им се извини на фановите на Португалија за тоа што промаши од игра неколку минути претходно.

Во втората серија Диого Кошта го одбрани ударот и на Јуре Балковец, а потоа Бруно Фернандеш погоди за 2:0. Диого Коста потоа го одбрани пеналот и на Бенџамин Вербиќ. Бернардо Силва погоди за 3:0 и го визира патот на Португалија за дуел против Франција.

Голема беше битката на теренот во сите 120 минути. Португалија доминираше на теренот, а Словенија беше решена да се брани. Кристијано Роналдо од почетокот тргна офанзивно, имаше неколку шута, но ниту еден не беше доволно прецизен за да се радуваат на погодок.

Словенија од контранапади се обидуваше да се закани, но не ѝ успеваше. Откако по 90 минути беше без голови, кулминацијата беше најавена во дополнителните 30 минути. На крајот од првото продолжение беше досуден пенал за Португалија, а Кристијано Роналдо шутираше, но Јан Облак одбрани.

По промашениот пенал, Роналдо не можеше да ги сопре солзите.

- Оглас -

Најнови вести