Голманот на Севилја даде гол во 94-та минута за бод против Валјадолид (Видео)

Севилја во последните секунди се извлече од пораз на гостувањето кај Валјадолид, а голот за 1-1 го даде голманот Боно. Мароканецот најдобро се снајде во мешаницата во 16-никот на домашните после еден корнер, а имаше и многу среќа.

Боно е прв голман во клупската историја на Севилја кој постигнал гол на лигашки натпревар. Орелјана од пенал го даде голот за Валјадолид, но останаа единствен тим кој на сите домашни мечеви прима гол. Севилја цврсто го држи четвртото место, но после овој кикс, малку го губи чекорот со Реал Мадрид и Барселона.

https://twitter.com/i/status/1373393575535382528

- Оглас -

Најнови вести