Македонија и Швајцарија немаат шанса за пласман во главната фаза на Европското ракометно првенство, но денешниот меѓусебен дуел секако дека е важен. За Македонија е битно да победи затоа што во таков случај ќе биде меѓу носителите во квалификациите за СП 2025 година. Секако, овој дуел е значаен и за Швајцарија, а тоа е и селекцијата која ја има фаворитската улога вечера.
„Последниот меч не е небитен. Ние ќе се обидеме да победиме. Македонија има добра селекција, но наша цел е да победиме“, рече голманот на Швајцарија, Никола Портнер.
Според коефициентите, Швајцарија е фаворит, но традицијата е на наша страна. Македонија има шест победи во досегашните осум пресметки со овој ривал и се надеваме дека оваа добра низа ќе продолжи.