Пред почетокот на Светското првенство, за репрезентацијата на Шведска се велеше дека е премногу подмладена и игра со речиси „втор“ состав, па ретко кој им даваше шанса за освојуавње на медал. Сепак, на турнирот во Египет, Шведска покажа дека има одличен модерен ракомет и не случајно се пласираше во финалето од Мундијалот.
Во вчерашното полуфинале Шведска so 32:26 ja победи фаворизираната Франција, а еден од клучните играчи кај победничкиот тим секако беше голманот Андреас Паличка. Во последниот напад од првото полувреме, Франција имаше можност да постигне гол и да намали само на два гола разлика, но Паличка тогаш се истакна и успеа да ја направи една од најдобрите одбрани во историјата на ракометот.
Шведска во неделното финале ќе игра со скандинавскиот ривал Данска.