Голманот на Сити ја има најубавата работа на светот: Гледа од клупата, заработува милиони и освојува трофеи

Третиот голман на Манчестер сити, Скот Карсон, ја има можеби една од најубавите работи во светот. Во 2019 година искусниот Карсон дојде во Манчестер сити, прво како позајмен играч, а потоа потпиша и договор за да биде трет голман.

Во овие три сезони Карсон помина само 107 минути на теренот, а некогашниот репрезентативец на Англија може да се пофали дека освои дури 11 трофеи, меѓу кои е и Лигата на шампионите од минатата сезона. Тоа значи дека Карсон за помалку од 10 минути поминати на теренот освојува по еден трофеј.

Како за трет голман, Карсон годишно добива 1,75 милиони евра, што преставува вистинско богатство ако се знае дека во просек по сезона, на теренот поминува едвај 35 минути.

Договорот на Карсон со Сити завршува на крајот од сезонава, а има шанси да освои уште еден пехар затоа што граѓаните играат и во финалето од ФА купот. Освен со Манчестер сити, Карсон може да се пофали и со титула во Лигата на шампионите, и тоа од пред 19 години, кога беше дел од екипата на Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести