2.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Голманот на Судан колабираше на теренот, па се освести и бранеше цел меч и не прими гол (Видео)

На Африканскиот куп на нации (АКН) има најнеобични ситуации, но тоа што се случи на дуелот меѓу Екваторијална Гвинеја и Судан е нешто несекојдневно. Се играше 36 минута, кога топката беше далеку од голот на Судан, но голманот Монгел Елнил на оваа репрезентација неочекувано, без никаков контакт, се сруши и падна на теренот.

Веднаш реагираа медицинските лица и му беше дадена прва помош на голманот кој колабираше.

За среќа, голманот брзо се освести и покажа дека се чувствува добро. Тој дури и продолжи да брани и остана на голот до крајот на мечот. Судан победи со 1:0

- Оглас -

Најнови вести