Голманот на Црвена ѕвезда е херојот на гостите од Данска (Видео)

Митјиланд со 1:0 ја победи Црвена ѕвезда во Белград, во меч на кој српскиот првак заврши со двајца играчи помалку. Ѕвезда со победа ќе си обезбедеше фудбалска пролет во Лигата на Европа, но гостите направија изненадување и сега ситуацијата во групата стана интересна.

Дегенек и Гобелиќ заработија црвени картони, а Канга си постигна автогол, па, едноставно, домаќините сами се победија, што многу ги налути навивачите. По завршување на мечот, од Северната трибина, каде што се најверните Делии, започнаа да летаат тврди предмети во знак на револт за поразот.

Во тој хаос настрада еден член од стручниот штаб на Црвена ѕвезда, кој заработи скршеница на главата и итно мораше да биде пренесен во болница. Гостинските фудбалери на Митјиланд се уплашија и едноставно не можеа да заминат од теренот. Тогаш се појави капитенот на Црвена ѕвезда, Милан Борјан, кој најпрво ги замоли навивачите да не фрлаат, а потоа беше гаранција за гостинските играчи дека нема да настрадаат.

„Борјан направи нешто неверојатно. Им помогна на играчите кои беа во тешка ситуација. Тој е вистински џентлмен. По мечот дојде во нашата соблекувална и ни кажа дека тоа е фудбал, дека такви работи се случуваат и дека му е жал поради целата ситуација. Тоа го прави вистинки капитен“, рече капитенот на гостите Ерик Свијатченко.

 

- Оглас -

Најнови вести