Голманот на Турција: „Ќе ја победиме Хрватска со 2-1“

Турција на првиот натпревар од Квалификациите за ЕВРО 2024 ја совлада Ерменија со 2-1 на гостински терен. Резервниот голман на турската репрезентација, Алтај Бајиндир, во изјава за тамошните медиуми рече:

„Сакаме со поддршка на публиката да дојдеме до победата. Овие натпревари секогаш се тешки, без разлика против кого играш. Мислам дека против Хрватска ќе победиме со истиот резултат како во Ерменија (н. з. 2-1).“

Натпреварот Турција – Хрватска се игра утре со почеток во 20 часот и 45 минути. Квотата за победа на Турција со точен резултат во понудата на Sport Life е неверојатно голема, дури 12.5.

- Оглас -

Најнови вести