24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Голманот на Верона со четири зборови го испровоцирал Ибра да утне пенал

Голманот на Верона, Марко Силвестри, успеал да го изнервира Златан Ибрахимовиќ од Милан пред да му шутне пенал на синоќешниот натпревар од Серија А. Како што е познато, Златан многу непрецизно го изведе пеналот, ова е трет утнат пенал по ред, а потоа рече дека веќе нема да шутира од белата точка и таа работа ќе му ја препушти на Френк Кеси.

„Утна минатиот пат, нели?“, било прашањето кое Силвестри му го поставил на Швеѓанецот.

Иако Златан има речиси 40 години и поминал низ сито и решето во кариерата, многу неискусно наседна на провокацијата и крајно непрецизно го изведе пеналот. Во финишот тој делумно се извади за киксот бидејќи даде гол од игра.

- Оглас -

Најнови вести