Голманот на „волците“ знаеше што го очекува па го молеше Кевин де Бруин да не даваат многу голови (ВИДЕО)

Манчестер сити го победи Вулверхемптон со лесни и убедливи 3:0. Тимот на Пеп Гвардиола со тоа ги продолжи одличните игри, а низ интернет кружи едно интересно видео.

Пред почетокот на вчерашната средба, голманот на Вулверхемптон, Хосе Са се гледа како му се обраќа на Кевин де Бруин, да не игра со најсилно темпо откако минатата сезона тој му постигна четири погодоци.

Сити на оваа средба постигна гол по 55 секунди и тоа преку Џек Грилиш а токму Белгијанецот беше тој што му асистираше.

- Оглас -

Најнови вести