Голманот на Жирона за историја: одбрани дури три пенали на еден меч, а само два му се броеја (Видео)

Голманот Пауло Газанига е најзаслужен што Жирона го победи дома Атлетик Билбао со 2-1, затоа што одбрани два пенали, а фати и трети, но тогаш направи престап, па шутот беше повторен кој истотака го одбрани.

Прво Газанига му одбрани пенал на Беренгер при 0-0, а во второто полувреме при резултат 1-1, му одбрани пенал на Ињаки Вилијамс. Судиите видоа престап на голманот и пеналот се повтори. Сега наместо Вилијамс пеналот го изведе Андер Ерера, но и тој шутна лошо и Аргентинецот го одбрани и неговиот шут од 11 метри.

Вакво нешто во Шпанија не беше видено од 2017 година, кога Ерера од Осасуна тогаш во второлигашки меч, одбрани три пенали од кои едниот беше повторен. Но, на прволигашки меч во Ла Лига, до денеска се немаше случено вакво шоу на одбранети пенали.

Инаку, Газанига испиша историја и како прв голман кој одбранил два пенали на ист меч против Атлетик Билбао.

Победничкиот гол за Жирона го постигна Кристијан Стуани од пенал во 98-ма минута. Стуани влезе во игра во 93-та минута. Бојан Миовски остана на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести