Голманот не размислуваше многу и со тупаница го удри навивачот во глава (Видео)

Џо Рајт е голман на англискиот нисколигаш Енфилд таун, а стана популарен поради неговата реакција и снимката на која наводно удира противнички навивач за време на еден натпревар. Инцидентот се случил во петокот на „Челмсфорд сити“, а по средбата голманот морал да си замине од теренот со помош на обезбедувањето, пишува „Дејли мејл“.

Видеото, кое стана вирално, го прикажува 29-годишниот Рајт додека се подготвува да ја земе топката и да изведе голаут, кога одеднаш се сврти кон навивачите на Челмсфорд кои стоеле веднаш зад него. Потоа удрил еден од навивачите со тупаница.

Потоа тој се вратил на теренот за да го продолжи натпреварот, но имало прекин од седум минути. Според официјалниот извештај од натпреварот на веб-страницата на „Енфилд“, ниту судијата ниту помошниот судија не го виделе инцидентот, па Рајт не бил исклучен.

На видеото, кое е снимено на трибините на стадионот „Данмоу груп комјунити“, меѓу 2.200 гледачи може да се слушнат реакции по непромислениот потег на голманот. За среќа, навивачите останале смирени и никој не втрча на теренот, а по мечот, голманот во тунелот бил спроведен со обезбедување.

- Оглас -

Најнови вести