36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Голманот остана немоќно да лежи, веднаш реагираа лекарите (Видео)

Дуелот меѓу Сиетл саундерс и Колумбус кру одиграа нерешено 1:1, во меч кој за малку ќе имаше трагичен крај. Во самиот финиш на мечот, односно во 90+5 минута, при еден центаршут, тешко беше повреден голманот на Сиетл, Стефан Фреј.

При обид да интервенира, 39-годишниот Фреј тргна силовито со цел да ја исфрли топката од својот петерец. Во еден момент, противнички играч го удри голманот со колено директно во главата.

Фреј падна на земјата и остана да лежи неподвижен.

Веднаш реагираа играчите на двата тима, а судијата побара на теренот да влезе возилото за Брза помош. По драматичните сцени, инфорнации за смирување на страстите донесе тренерот на Сиетл, Брајан Шмецер, кој откри дека голманот бил свесен во моментот кога бил внесен во возилото за Брза помош и засега неговата состојба е стабилна.

- Оглас -

Најнови вести