Голманот останува без клуб, сопругата ставила вето на трансферот од 30 милиони евра

Поранешниот репрезентативец на Шпанија и голман на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, останува без клуб, иако неколку екипи се заинтересирани за неговите услуги. На голманот минатото лето му истече договорот во “црвените ѓаволи“ и стана слободен агент, но се уште ја бара идеалната фудбалска средина за себе.

За Де Хеа интерес имаше од клубот за кој настапува Кристијано Роналдо, Ал-Наср, од каде му нуделе 30 милиони евра годишно, но неговата сопруга ставила вето на овој трансфер, бидејќи не сакала да се пресели во пустина.

Сопругата на голманот е позната пејачка и ТВ водителка, а парот бара град кој би бил идеален за живот. Опции во моментов се неколку клубови од Европа, како и Интер Мајами од САД.

- Оглас -

Најнови вести