Полска на полувремето води со 1:0 против Украина во пријателски меч. Украинците во 12-тата минута не погодија пенал, а потоа казната стигна откако гостинскиот голман направи катастрофална грешка.
Чуварот на мрежата на Украина, Лунин, сакајќи да исфрли една топка, истрча на 30-тина метри од својот гол, но лошо реагираше. Тоа го искористи Кжиштоф Пјонтек, кој успеа да ја погоди празната мрежа на противникот.