Голманот сакаше да се прави фудбалски виртуоз, па се посрамоти и прими гол (Видео)

Фиорентина претрпе срамен пораз на гостувањето кај Басакшехир во второто коло од Конференциската лига, а голманот на Виолетовите, Пјерлуиџи Голини, посебно се посрамоти.

На 20 минути до крајот, турскиот тим имаше предност од 1:0, а тогаш следуваше несфатливиот потег на италијанскиот голман. Еден фудбалер на Фиорентина реши од 50-тина метри да ја врати топката на својот голман. Голини, кој не смееше да игра со раце, реши да покаже фудбалски способности и почна да жонглира.

Тоа го искористи играчот на домаќините, Гурлер, кој ја одзеде топката на голманот и лесно погоди во празната мрежа за предност на Басакшехир од 2:0, па уште тогаш беше јасно дека домаќините ќе се радуваат на победа.

- Оглас -

Најнови вести