Фудбалерите на Борец од Бања Лука испаднаа од Конференциската лига на УЕФА откако синоќа загубија на свој терен од Австрија Виена со 2:1, а се елиминирани со вкупни 3:1.
Во финишот на средбата за малку не се случи тепачка, а најагресивен беше домашниот голман Никола Четковиќ. Домашниот чувар на мрежата се стрча кон неколку гостински фудбалери и се обиде да се степа.
Во еден момент, кога Четковиќ се обидуваше да стигне до некој противнички играч, голманот се лизна и ја повреди ногата. Се работи за повреда на зглобот, што секако може да направи проблем и да паузира одреден период поради оваа повреда здобиена на банален начин. Видеото може да го видите ТУКА.