Голманот сакаше со грб да му брани пенал на Рамос, потоа не знаеше што го снајде (Видео)

Серхио Рамос е познат како еден од најдобрите изведувачи на пенали, а во долгата кариера има постинато голови против многу легендарни голмани. Искусниот Шпанец оваа сезона игра за тимот на Монтереј во Мексико, а на дербито против Тигрес, Рамос се соочи со една необична ситуација.

Беше досуден пенал за Монтереј, јасно беше дека Рамос ќе шутира, а голманот на противничката екипа реши на еден неочекуван начин да се обиде да го дефокусира изведувачот.

Голманот на Тигрес, Гузман реши да биде завртен со грб и така да се обиде да брани пенал против Рамос. Повеќе од една минута траеше деконцентрирањето на голманот, додека Рамос мирно чекаше судијата да даде знак дека може да шутира.

Кога судијата покажа дека пеналот може да биде изведен, Рамос рутински постигна гол. Џабе беа сите обиди на противничкиот голман „да брани со грб“ против еден од најдобрите изведувачи од белата точка.

На крајот, Тигрес победи со 2:1 во дербито на Мексико.

- Оглас -

Најнови вести