Голманот се чудеше како може од таму да прими гол со „штикла“ (Видео)

Севилја води со 1:0 на полувреме против Хетафе благодарение на голот на Рафа Мир во 22 минута. Мир успеа на мајсторски начин со петица да ја сврти топката кон противничкиот гол, а чуварот на мрежата на Хетафе остана збунет.

Голманот Сорија воопшто не веруваше дека Мир ќе може од таква позиција да го загрози неговиот гол, а на крајот, топката заврши во мрежата. Мајсторски погодок за Мир и заспана одбрана на голманот на Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести