Голманот се обиде да го збуни изведувачот на пенал, но… (Видео)

Со дуелот меѓу Естрела и Фаренсе синоќа се комплетира 31-вото коло во португалското првенство, а на крајот се радуваа гостите. Фаренсе победи со убедливи 3:0, триумф кој им е многу важен во трката за опстанок бидејќи овој тим стигна до 34 бода.

Естрела остана на 29 бода и е на 15-тото место, последно кое е сигурно за опстанок во елитното друштво. Серијата голови започна во финишот на првиот дел, кога по реакција од ВАР-собата беше потврдено дека еден домашен играч со рака играл во шеснаесетникот и беше досуден пенал за гостите.

Бруно Дуарте ја презеде одговорноста да го изведе пеналот, а голманот на домаќините, Бригидо де Оливеира, на секаков начин се обиде да го деконцентрира противникот да не погоди.

Во еден момент голманот застана речиси до крајот на едната статива, но тоа не го збуни изведувачот на пеналот и успеа да погоди. Пеналот може да го погледнете ТУКА.

До крајот на дуелот, гостите постигнаа уште два гола и стигнаа до сигурен триумф, иако според коефициентите, не беа во улога на фаворити.

- Оглас -

Најнови вести