На синоќешниот меч од бразилската Серија А помеѓу Коринтијанс и Атлетико Минеиро се случи еден потег кој во прв момент ги „смрзна“ домашните навивачи и тренерот Мано Менезес, но потоа им олесна и сфатија дека всушност голманот Касио постапи правилно кога намерно дозволи топката да влезе во неговата мрежа.
При резултат 0-0 (мечот заврши 1-1), за Атлетико беше досуден индиректен удар, а искусниот Касио Рамос знае дека за гол да важи, мора барем двајца играчи да ја допират на топката. Во случајов, само еден играч на Атлетико ја шутна топката и Касио се тргна за топката да влезе во гол. Голот не важеше и топката му припадна на Коринтијанс.
Погледнете ја ситуацијата која збуни многумина, дури и тренерот кој покажа дека ќе му застанело срцето кога видел што прави неговиот голман:
Jogador que conhece a regra é outro nível! Em tiro livre indireto contra o Corinthians (falta em dois toques), Cássio saiu da frente da bola para ela entrar, já que ela foi chutada direto e o gol seria anulado. Mano quase enfartou, mas fora isso deu tudo certo pic.twitter.com/ZmK8NMoINY
— ge (@geglobo) November 9, 2023