Баер Леверкузен синоќа на свој терен загуби од Монако со 2:3 во првиот меч од шеснаесетфиналето во Лигата на Европа. Како главен трагичар за поразот е голманот на Баер, Лукас Храдецки, кој уште во деветтата минута од мечот си даде смешен автогол.
Храдецки доби една топка и наместо веднаш да ја исфрли, под притисок на противничкиот играч, си постигна автогол. Голманот на Фармацевтите беше лут и бараше фаул, но судијата ништо не досуди и покажа дека е погодок за гостите.
Овој автогол може да го видите ТУКА.
По овој кикс, Храдецки се најде на удар на навивачите на Баер, кои упатија многу навредливи коментари на социјалните мрежи за оваа негова реакција. Тоа дополнително го налути финскиот голман, кој по средбата, не беше многу фин во коментарите.
„Тоа е детско однесување. Новата генерација воопшто нема никакво почитување. Секој од нив мисли дека има најголем полов орган“, беше изјавата на Храдецки по мечот, па дополнително се најде на удар на јавноста.
https://twitter.com/i/status/1626346324504326144