Голманот си дремна на сонце, го разбуди еврогол од пола терен (Видео)

Голманот на Колдинг си задрема на сончевото време во Данска и прими необичен гол од половина терен на дуелот со Фремад Амагер.

Во меч од второлигашката конкуренција домаќините поведоа со 1:0 со прекрасниот потег на Реда Рабеи, кој забележа дека гостинскиот чувар на мрежата е далеку од својот гол и со прецизен удар го лобуваше од половина терен.

За среќа на гостинскиот голман Колдинг успеа да избегне пораз и одигра 2:2, но голот на Рабеи може да конкурира за најубав во данскиот фудбал за сезоната 2019/2020.

Fremad Amager (1) – 0 Kolding IF – Reda Rabei spots the GK out and hits it from the middle! from soccer

- Оглас -

Најнови вести