Екипите на Атлетико Морелија и Селаја одиграа драматичен реванш-меч во полуфиналето од Лигата на очекувања, а на крајот се радуваа гостите. Оваа лига е формирана пред три години и е како дел од проектот да се помогне на клубовите коишто имаат финансиски проблеми. За да се избегне згаснување на овие клубови, се формира оваа лига во која нема ниту испаѓање ниту напредување во повисок ранг на натпреварување.
Првиот меч од ова полуфинале заврши 1:1, а во реваншот, Селаја водеше со 2:1, кога домаќините решија со сите сили да тргнат во напад за да израмнат. Беше досуден фаул за домаќините, па дури и нивниот голман се најде во противничкиот шеснаесетник и токму тој шутираше со глава, но неговиот колега од спротивната страна одбрани.
Во тие моменти гостинскиот голман Рамирез знаеше дека мрежата на противникот е небранета од никого, па реши брзо да дегажира, односно да се обиде да погоди директно со „рогање“. Рамирез силно ја исфрли топката, а што е уште поважно, тоа беше прецизен удар кој на крајот заврши во мрежата на противникот за водство од 3:1 и конечна победа на Селаја.
https://twitter.com/i/status/1657918106897924096
За тоа колку двата тима ја посакуваа победата и се бореа за триумф, покажува и фактот дека беа доделени дури пет црвени картони, два за домашните и три за гостите.