Голманот тргна да даде гол, а прими историски погодок од 80-тина метри (Видео)

Неверојатен гол беше постигнат во мексиканското првенство на мечот помеѓу Пачука и Пуебла. Гостите водеа со 2-1, а во 96-тата минута домашните требаше да изведат корнер, па во противничкиот 16-ник отиде и голманот на Пачука, Оскар Устари, кој е некогашен чувар на мрежата на Хетафе.

Но, обидот за изедначување не само што беше неуспешен, туку Пуебла даде гол за 3-1. Стрелец на голот беше Салвадор Рејес, кој кон празниот гол на домашните испрати неверојатно прецизен шут од 80-тина метри.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести