Голманот на Шефилд Венздеј, Бејли Пикок Фарел прими гол откако заборави да погледа дали има противнички играч позади него. Тој, на средбата против Ипсвич Таун, откако направи рутинска интервенција, заборави да погледне позади себе, и ја спушти топката на земја.С
Истата ја „украде“ Мекалуј Бон, кој потоа ја додаде со својот соиграч и постигна гол и тоа во 90. минута од натпреварот кој на крајот заврши 1:1. Сигурни сме дека од сега па натаму Пикок редовно ќе проверува во вакви ситуации, дали има некој позади него.