6.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Голот беше празен, а тој на два метра од него: Неверојатното промашување на Палмер во 95-тата минута (Видео)

Кол Палмер е една од ѕвездите на Челзи и на Премиер лигата, но се посрамоти во финишот на натпреварот против Лидс јунајтед (2-2). Во 95-тата минута имаше неверојатна можност да погоди за победа, но не успеа да ја затресе празната мрежа само од два метра.

По центаршутот од десната страна, Палмер натрча на топката и кога сите помислија дека ќе ја испрати на вистинското место, таа одлета високо над гредата.

Челзи имаше водство од 2-0, но дозволи Лидс да израмни, а потоа и Кол Палмер го промаши тоа што едноставно не може да се промаши.

 

- Оглас -

Најнови вести