Контроверзниот гол кој беше постигнат на дуелот од црногорската прва лига меѓу Младост и Дечиќ и кој преку социјалните мрежи го видоа голем број фанови во регионот, предизвика реакција од Фудбалската федерација на Црна Гора (ФСЦГ), од УЕФА, но и од црногорското обвинителство.
Полициски службеници во координација со државен обвинител од Основното обвинителство во Црна Гора формирале предмет по објавената снимка и започнале истрага.
Crnogorska sklanjalica… pic.twitter.com/cgfQCyPFod
— FantomBeograda (@FantomBeograda) February 28, 2024
Причина за оваа акција на полицијата и обвинителството е скандалозната реакција на играчот на Младост, Звонко Цеклиќ, кој „се тргна“ за да не го удри топката и го остави противничкиот играч да постигне гол.
И Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Црна Гора (ФСЦГ) покрена дисциплинска постапка против играчот на Младост, Звонко Цеклиќ, и го суспендира до донесување на одлуката и најави дека целосно ќе соработува со обвинителството и полицијата за целосно расветлување на случајот.