31.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Голот на Барди кандидат за најубав во колото во Лигата на нациите (Видео)

УЕФА одбра четири гола како најубави во второто коло од Лигата на нациите, а меѓу нив кандидат за најубав е и синоќешниот на македонскиот репрезентативец Енис Барди од слободен удар против Ерменија.

Барди постигна мајсторски погодок, а противкандидати му се ножичките на Јусуф Поулсен од Данска против Србија, слаломот и убавата реализација на Словенецот Бенјамин Шешко против Казахстан и голот со шут од далечина на Грузиецот Кочорашвили на гостувањето кај Албанија.

- Оглас -

Најнови вести