Голот на Фулам за 1-0 не е случаен, Паркер и Брајан се договориле така да шутне (Видо)

Погодокот со кој Фулам поведе со 1-0 во финалето од баражот против Брентфорд и го најави своето враќање во Премиерлигата, не бил случаен или работа на моментна инспирација, туку планиран и реализација на тактичка замисла.

Неколку секунди пред слободниот удар, тренерот Скот Паркер го повика Џо Брајан и му даде совет да не нафрлува кон Митровиќ, туку да шутне директно во гол, бидејќи знаеле оти голманот Давид Раја очекува центаршут.

Брајан од далечина од околу 35 метри, постигна гол вфеден стотици милиони евра.

„Првиот го беше планиран. Го повикав Џо и се преправав дека му зборувам за некаква тактика, а му реков да види каде се наоѓа голманот и да шутне директно во голот. Ме послуша и успеавме. И на претходниот меч се обидовме со нешто слично, ама не успеавме“ – рече тренерот Паркер.

Јунакот Брајан додаде: „Голманот бесмислено беше далеку од гол-линијата. Го вежбавме ова“.

- Оглас -

Најнови вести