Келн и Хофенхајм одиграа нерешено, 2-2, во меч од Бундеслигата, но во 15-тата минута од овој натпревар беше постигнат веројатно најубавиот гол оваа година.
Рагнар Аче се најде во противничкиот шестаесетник и на нафрлената топка од Ел-Мала се одлучи да бие со „ножички“, што на крајот се покажа како оправдано, бидејќи топката заврши во мрежата на Хофенхајм за водство на домашните од 1-0.

