Иван Проведел стана само втор голман во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал гол со шут со глава. Голот на Проведел синоќа беше за 1-1 против Атлетико Мадрид, со што му донесе бод на својот тим, па по мечот го фрлаа во раце.
Инаку, бројот 94 е среќен за голманот. Иван е роден во 1994 година, има дрес со бројот 94, висок е 194 сантиметри и голот против Атлетико го постигна кога на семафорот стоеше 94-тата минута.
Проведел е вториот голман кој му дал гол на Атлетико во најсилното клупско натпреварување во Европа. Првиот беше Илија Пантелиќ пред 57 години. Пантелиќ, кој тогаш го бранеше голот на Војводина од Нови Сад, погоди од пенал.
„Може да се шегувам и да кажам дека го проучував Чиро Имобиле што прави во вакви ситуации. Луис Алберто обично нафрлува на втора статива и знаев каде ќе оди топката. Не бевме договорени дали да одам напред, но имаше уште 30 секунди до крајот и тоа беше последна шанса. Не знам дали бев свесен што направив, затоа соиграчите повеќе се радуваа“, вели Проведел, кој даде гол и во 2020 година во Серија Б на меч помеѓу Асколи и Јуве Стабија.
Lazio goalkeeper Providel's last minute Goal against Atletico Madrid in UCL.
He became the fourth goalkeeper in history to score in the Champions League.#uefachampionsleague #greizman #AtleticoMadrid #LazioAtleti #LazioAtleticoMadrid #LazioAtleticopic.twitter.com/2BAQ5czcT5
— The Greightest (@The_Greightest) September 20, 2023