Голот на Костески против Гвинеја е јубилеен 1.500-ти погодок за Македонија на Светските првенства

Македонската ракометна репрезентација стигна до првата победа на Светското првенство кое се игра во Хрватска откако убедливо со 29:20 славеше над Гвинеја. Со овој триумф Македонија се пласира во главната фаза на Мундијалот и ќе игра најмалку уште три меча, и тоа против Австрија, Катар и Франција.

Дуелот против Гвинеја беше 55-ти меч за Македонија на планетарните собири и се израдувавме на 21 победа. Македонија има и 31 пораз, а три средби завршиле нерешено.

Против Гвинеја, во 10-тата минута, кога Ненад Костески погоди за водство од 4:3, тоа всушност беше еден јубилеен погодок. Овој гол на Костески беше 1.500-ти за Македонија во историјата на Светските првенства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести