Голот на Левандовски требаше да биде поништен, но ВАР не може да реагира при вакви ситуации (Видео)

Барселона победи на гостувањето кај Селта со 2-1, а победничкиот гол на Роберт Левандовски беше во 97-ма минута и тоа од повторен пенал, откако првиот кој му беше одбранет, беше поништен поради престап на голманот Гуаита.

Снимки покажуваат дека и вториот обид на Леви требало да се поништи, и тој по трети пат да го изведе пеналот.

ВАР го извести главниот судија на терен, Пулидо Сантана, дека имало престап на голманот, а немаше интервенција кога Рафиња влезе предвреме во 16-никот при повторениот пенал.

Кога има други играч(и) во 16-никот освен изведувачот и голманот, прописите налагаат пеналот да не важи.

Екс судијата Итуралде Гонзалес, кој е аналитичар на весникот „Ас“, дава појаснување зошто ВАР не известил за недозолената позиција на Рафиња:

„Пеналот требаше да се повтори, а ВАР може да реагира само ако играчот што влегува е активен дел од играта. Односно, ако голманот ја одбие топката и таа оди кај него. Во сите други прекршоци, ВАР не може да интервенира. Затоа судијата на терен е тој што требаше да го забележи прекршокот кој не е лесно да се види“, вели Итуралде.

- Оглас -

Најнови вести