Голот на Лонг беше супербрз, но во топ 5 лигите имало и побрзи (Видео)

Шејн Лонг од Саутхемптон синоќа постави рекорд на Премиер лигата за најбрз гол во историјата на англиското првенство, погодокот на Лонг против Ватфорд кој беше постигнат само по 7,7 секунди игра е далеку од светскиот рекорд (2,5 секунди), а не е најбрз ниту во топ 5 лигите во Европа.

Лонг го собори 19 години стариот премиерлигашки рекорд на Ледли Кинг, кој изнесуваше 9,82 секунди на меч помеѓу Тотенхем и Брадфорд. Ова е подобро од рекордот во Серија А, каде што најбрзиот гол во историјата (по 8,1 секунди) беше дело на Паоло Поџи од 2001 година.

Најбрзите голови во најсилните лиги во Европа се видени во Шпанија. Рекордер е Хосеба Љоренте, кој во 2008 година на мечот помеѓу Валјадолид и Еспањо погоди само по 7,22 секунди игра. Голови по 7-8 секунди во Шпанија давале и Сејду Кејта и Дарио Силва.

Ова е голот на Љоренте кој е најбрз во топ 5 лигите:

- Оглас -

Најнови вести