Аргентинските репрезентативци Алексис Мекалистер и Енцо Фернандес како да се договараа во истовреме да ги постигнат своите први голови во англиската Премиер лига.
Попладнево, и Мекалистер го даде својот прв гол за Ливерпул и Фернандес првпат погоди за Челзи на премиерлигашки меч. Енцо не даде еден туку два гола, а погодокот на Мекалистер беше феноменален и вреди да се види. Погодокот на Мекалистер погледнете го ТУКА.
Овој гол ќе му биде конкурент на оној магичниот на еден друг Аргентинец, Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, кој на спектакуларен начин погоди со ножички против Евертон.