Барселона води со 1:0 против Леванте благодарение на голот на Лионел Меси од пенал во 38 минута. Со овој погодок, Меси постави еден интересен рекорд. Успеа да стигне до 500 голови постигнати за Барселона и тоа само со левата нога.
Лео има вкупно 609 погодоци во дресот на каталонскиот гигант, а 82,1 отсто, односно точно 500 му се со неговата посилна лева нога.
Кај Леванте во стартниот тим е македонскиот репрезентативец Енис Барди.