Голот на Меси против Осасуна e ист како тој на Марадона во дресот на Њуел олд бојс (Видео)

Прекрасниот погодок што Лионел Меси синоќа го даде против Осасуна, а го посвети на Диего Армандо Марадона, привлече внимание не само поради начинот на кој капитенот на Барселона прослави туку и поради начинот на кој го постигна.

Педантните хроничари успеаја да пронајдат неверојатна сличност на голот на Меси со еден погодок што го има дадено Марадона во дресот на Њуел олд бојс. Марадона во дресот на аргентинскиот тим на сличен начин како вчера Меси против Осасуна погоди на дуел одигран во далечната 1993 година.

Според пишувањата, Меси тогаш како шестгодишно дете бил на стадионот и навивал за Марадона и Њуел олд бојс, а вчера даде токму таков гол во чест на Марадона, а потоа и прослави во стилот на неодамна починатата фудбалска легенда. Поради начинот на кој прослави Меси, Барселона доби казна од Шпанската фудбалска федерација.

https://twitter.com/i/status/1333114774243119111

 

- Оглас -

Најнови вести