Глазгов ренџерс прикажа храбра игра на гостувањето кај Ференцварош во Лигата на Европа, но на крајот мораше да се помири со пораз од 2-1 во шестото коло.
Нашиот репрезентативец Бојан Миовски беше во стартниот состав на „полицајците“ и постигна спектакуларен гол со ножички во 27-мата минута. Меѓутоа, домаќинот успеа да израмни до крајот на првиот дел со погодокот на Бенсе Отвос.
Во второто полувреме, Ренџерс играше бледо и не успеа да го задржи впечатокот од првиот дел, додека Ференцварош го искористи моментот и поведе со 2-1 преку Барнабас Варга во 72-рата минута.
Црвена ѕвезда славеше гостински триумф кај Штурм Грац со 0-1, со голот на Мирко Иваниќ, Динамо Загреб загуби дома од Бетис со 1-3, Митјиланд го совлада Генк со 1-0, Штутгарт го „прегази“ Макаби Тел Авив со 4-1, а Нотингам форест победи на гости кај Утрехт со 1-2. Брага минимално славеше против Ница со 0-1.
Јанг бојс триумфира со 1-0 против Лил, додека највозбудливиот натпревар беше меѓу Лудогорец и ПАОК, кој заврши 3-3.

