Екипата на Лајпциг направи големо изненадување и славеше против гигантот Флензбург со 25:24 во меч од 22-рото коло во ракометната Бундеслига. За Фленсбург ова е само трет пораз сезонава во домашното првенство.
Лајпциг водеше со 24:19, но Флензбург со серија од 5:0 стигна до 24:24. Домаќините го имаа последниот напад, беше направен фаул на 12 метри од голот, времето истече и остана само уште да биде изведен фаулот.
Топката ја зеде хрватскиот репрезентативец Шиме Ивиќ, кој веруваше дека може да погоди и на големо изненадување на сите, шутот од 12 метри, преку блокот поставен од шест противнички играчи, плус голманот, заврши во мрежата, а Лајпциг стигна до триумф од еден гол.