Голот на Пандев недоволен за Џенова во Бергамо (Видео)

Горан Пандев даде гол, но тоа беше само почесен погодок за Џенова која загуби со 1-2 на гостувањето кај Аталанта. Пандев беше резерва и во игра влезе во 50-та минута, а во финишoт само го спаси својот тим од поубедлив пораз. Аталанта двата гола ги даде од своите први два шута кон голот на гостите.

После овој пораз, Џенова е загрозена и ќе мора да се бори за опстанок. Во последните две кола Пандев и колегите играат дома со Калјари, и гостуваат кај Фиорентина.

https://www.youtube.com/watch?v=hw_8d47-qtA&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0kLBSzCxcGQmz3oASs5NTB01yiuAGxi-5jiZmQ1q-VIrk_aZJ7yMnznd8

- Оглас -

Најнови вести