16.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Голот на Пандев против Реал Мадрид во избор за најдобар во ЛШ што некогаш го дал Лацио (Видео)

Лацио по 13 години пауза, вечерва повторно е на сцената на Лигата на шампиони. Италијанскиот тим на свој терен игра против Борусија Дортмунд. Од УЕФА решија да потсетат на убавите времиња кога Лацио беше дел од Лигата на шампиони.

Направена е компилација на најубавите погодоци што некој играч на Лацио го има дадено во елитната лига на УЕФА. Секако, место меѓу најдобрите има и погодокот на Горан Пандев, постигнат пред точно 13 години. Капитенот на македонската рпрезентација во дресот на Лацио даде преку 50 погодоци, а еден од најубавите го постигна токму против Кралскиот клуб од Мадрид во ЛШ.

Пандев во дресот на Лацио има два гола против Реал, а посебно се памти тој што беше постигнат со волеј удар, кога легендарниот Икер Касилјас немоќно ја проследи топката во својата мрежа. Меѓу најубавите голови за Лацио во ЛШ се и тие на Верон, Креспо, Михајловиќ…

 

- Оглас -

Најнови вести