Голот на сезоната во ЛШ: Во скок од зад грб (Видео)

Кирил Лазаров со Нант направи мини изненадување откако го елиминираа Веспрем во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Францускиот тим загуби на реваншот во Унгарија со 32:30, но победата од четири гола на првиот меч беше доволна за конечна радост и место на фајнл-фор турнирот.

На дуелот во Унгарија, играчот на Нант Драган Пешмалбек го даде можеби најдобриот погодок сезонава во Лигата на шампиони. Идниот репрезентативец на Србија одлично се уфрли на линијата од шест метри, доби една топка, а тој во скок од зад грб успеа да погоди.

https://twitter.com/i/status/1395462512301199365

 

- Оглас -

Најнови вести